Жбогар: Сите партии сакаат избори во јули, останува само да се договорат за датумот

0
65

Лидерите треба да разговараат и да најдат решение за датумот на одржување на изборите, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за Телма.

-Не се многу далеку. Двете или сите партии сакаат избори во јули и останува да се договорат за точниот датум, а тоа не би требало да е премногу тешко – рече Жбогар.

Тој го поздрави денешниот повик на претседателот Стево Пендаровски до партиските лидери да се договорат за избори.

-Имаше добра поента лидерите да разговараат и да најдат решение. Мислам дека тоа е добар гест од негова страна. Најдобро е секако ако сите се согласат за датумот – порача евроамбасадорот.