Заврши лидерската средба

0
84

Заврши средбата кај претседателот Стево Пендаровски на која присуствуваа лидерите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Ниту Пендаровски, ниту претседателите на партиите не даваат изјави за медиумите.

За тоа што е договорено и кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори јавноста ќе биде известена преку соопштение. Прес-службите најавија дека тоа ќе се случи за кратко.