Заев: Ако ДУИ има ваков услов за владина коалиција, тогаш нема да биде дел од идната Влада

0
73

Премиер Албанец е роденденската желба на Али Ахмети, за 18-от роденден на ДУИ. Бара обединување на албанските гласачи и солидарност во партијата и подава рака за соработка со другите партии, веќе од следните избори.

Заев веднаш му врати на Фејсбук со потсетување дека, во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник и дека пратениците се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, пак, останува на ставот дека избори на овој датум не се можни. Вели дека, покрај лошата здравствена ситуација, на многу места е и физички невозможно да се организира гласање, а да се запазат здравствените мерки. Смета дека, и да се зголеми временскиот рок за гласање, на 20 до 30 отсто ќе им биде ускратено правото да гласаат.Доколку сепак, се одржат избори, ќе инсистира на нови изборни листи. Ако неговата партија ги изгуби изборите, ќе се повлече од функцијата.

СДСМ го предложија 5 јули како последен изборен датум, со образложение дека на државата ѝ се потребни функционални институции.