Заев: Имаме договор – изборите на 15 јули!

0
73

Зоран Заев, лидерот на СДСМ откри дека има договор – изборите ќе бидат 15 јули. Тој разговарал со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и го прифатил тој датум.

„Ние, јас и СДСМ превземаме чекор да им полесниме на сите граѓани, да заврши играта на нерви. Се знае во минатото кој бил најодговорен, и СДСМ ја покажува својата големина, разбирање, и одговорност. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како конечен и последен датум за избори.

Ја информирам јавноста дека разговарав со Мицкоски, и тој ми потврди дека се согласува на 15 јули. Бараа средина на јули, еве им средина на јули. Среда, неработен ден, ден за гласање, за одлуки и спас на државата од кризата. Понеделник 13 јули и вторник 14 јули ќе биде гласање на болни и изнемоштени лица, вклучувајќи и граѓшанијте кои се позитивни, и сите во изолација. Молкот ќе настапи 12 јули недела“, рече Заев кој истакна дека очекува сега и Мицкоски јавно да каже дека се согласува.