Заев инсистира на избори на 5 јули, за ВМРО ДПМНЕ тоа е лудост

0
142

Зголемениот број на заразени лица нема да ги одложи изборите. Претседателот на СДСМ инсистира тие да се одржат на 5 јули. Вели дека, штом заврши вонредната состојба која беше прогласена од претседателот Стево Пендаровски во саботата, ќе почнат да течат роковите за одржување на изборите.

Заев тврди дека со Мицкоски комуницирале се` до новата одлука за вонредна состојба, но иако биле близу, не успеале да се договорат за датум за одржување на изборите. Сега му порача и нему и на останатите лидери дека имаат 35 дена да се подготват за избори.Од ВМРО ДПМНЕ, пак, му порачаа дека треба да се соочи со реалноста.

Во меѓувреме, од Државната изборна комисија ги демантираат информациите дека веќе се подготвуваат за избори. Тврдат дека вршат само тековни активности, а согласно владината уредба, се` што е поврзано со изборите, во моментов е стопирано.