Заев: Нема да имаме успех во економијата доколку немаме правна држава

0
78

За време на дебатата на ТВ 24 со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави вети дека ќе биде направена комплетна проверка, , на имотната состојба на судиите, обвинителите и нивните семејства, за да се утврди чесноста на самите делители на правдата.

-Владата во минатиот период заедно со Венецијанската комисија, Европската комисија и европската делегација го донесе пакетот на реформи во правосудството, вклучително и Законот за јавно обвинителство, којшто еве од денеска влагува во сила. Ефикасноста во постапките, праведноста и еднаквоста на делењето на правдата е нешто кон кое што треба да бидеме фокусирани и според нас голем проблем се самиоте судии и обвинители и секако една адвокатска мрежа која што работи искоординирано, затоа мора да следува прочистување на судството, кадешто сите судии коишто застаруваат предмети, атвоматски ќе бидат разрешени- рече Заев.

Заев смета дека со прочистување на оние нечесните судии коишто работат во судството ќе се добие повеќе простор за чесните судии,

-Тоа е многу важно, заради тоа што без правната држава не верувам во максимални успеси во економијата, па дури и во сите други области на секојдневното живеење. Затоа владеењето на правото и правната држава верувам дека ќе биде во фокусот на следите четири години- рече Заев.

Верувам дека ќе успееме, , да создадеме европска држава, тука се поглавјата коишто се отвораат паралелно, рече Заев.