Заев: Нови 8.000 хектари земја ќе се наводнуваат од браната Конско, земјоделците добиваат навремено снабдување со вода и помали производствени трошоци

0
80

Почитувани граѓани,

Почитувани земјоделци од гевгелиско – валандовскиот крај,

Заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска сме во посета на браната во изградба Конско којашто претставува најкрупен капитален проект што се гради во овој регион во изминативе 50 години.

Точно пред 2 години Владата предводена од СДСМ ја започна реализацијата на овој крупен инфраструктурен проект.

Она што е важно е дека изградбата на овој крупен капитален проект продолжи да се гради интензивно според сите безбедносни протоколи за заштита и во вонредни услови предизвикани од пандемијата со коронавирусот.

И во вакви тешки вонредни услови продолжуваме да градиме инфраструктура за сите важна за покренување на новата развојна македонска економија.

Земјоделството е основата на нашата македонска економија и исклучително важна стратешка гранка. Производството на храна мора да продолжи уште поинтензивно и никако не смее да запре или да биде загрозено.

Од тие причини Владата предводена од СДСМ и до сега и после големата победа на 15 јули ќе продолжи да го развива земјоделството и ќе овозможи силна поддршка за земјоделците.

Од вредните раце на земјоделците продолжуваме да ја развиваме нашата економија, да го подигаме стандардот на живеење и заедно да чекориме напред по правиот пат кон отворање на нови перспективи и ЕУ пазари за пласман на нашите земјоделски производи.

Нови 8.000 хектари земјоделска површина ќе бидат наводнувани од оваа брана штом се финализира изградбата.

Земјоделците од овој крај ќе добијат навремено и ефикасно снабдување со вода во текот на производствената сезона со што ќе се намалат нивните производствени трошоци, а нашата земја ќе добие зголемување на производството и на конкурентноста на земјоделски производи од овој крај.

Градиме крупни капитални проекти за да ни се развиваат селата, да ни се чисти реките што ги напојуваат земјоделските површини и да оставиме вредни и значајни капитални проекти за идните генерации.

Ја користам оваа прилика да ги охрабрам македонските земјоделци, вредно и посветено како и до сега, со многу труд и љубов да продолжат да ја обработуваат македонската плодна земја и да произведуваат здрава и вкусна храна.

Секако изразувам и голема благодарност и до градежните работници кои неуморно работат на изградбата на овој значаен проект.

СДСМ и Владата во овие три години покажаа што значи вистинска грижа за земјоделците и како се цени нивниот труд. Како одговорна партија остануваме посветени на развој на земјоделството и градење подобри услови за работа на нашите земјоделци.