Започна запишувањето на ученици во прво одделение

0
138

Под засилени заштитни мерки во сите училишта во земјава започна запишувањето на ученици во основните училишта, според претходно онлајн одреден термин со цел да се избегнат собирања. Алсат посети неколку училишта, чии директори велат дека подготовките започнале пред две недели и додаваат дека родителите ги почитуваат мерките за заштита.

„Ние се придржувавме до правилата, така што термините што ги имаме со учениците се во интервал од половина час, во училиште да не дојде никој друг освен родителот и детето. Го подготвивме училиштето, направивме дезинфекција, просторот каде што се одвива интервјуто и разговорот со ученикот е како што е планирано, има растојание меѓу комисиите и родителите не ги задржуваме повеќе од 10 до 15 минути во училиште“, вели Љуљета Шабани Ќeрими, директорка на О.У. „Хасан Приштина“, Скопје.

„Подготвивме серија упатства за тоа како да тече запишувањето, да ги дезинфицираат рацете, со еден збор сите, заштитни мерки од родителите и учениците, почнувајќи од влезот на училиштето, поставивме средства за дезинфекција и внатре каде се одржува интервјуто“, изјави Реџеп Халили, директор во О.У. „Истигбал“, Тетово.

Пандемијата го направи запишувањето да трае еден месец, но не ја намали важноста кај децата и нивните родители.

„Поради пандемијата и ние треба да бидеме внимателни, нормално дека треба да ги прилагодиме и децата малку“, вели еден родител.