Застанале среде улица и од автомобилот со пиштол пукале во куче скитник

0
144

На 01.06.2020 во 23.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.30 часот на паркинг позади трговски центар во населба Ново Лисиче, три лица кои биле со патничко возило, со истрел од пиштол застрелале куче скитник.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.