Застрелан напаѓачот од инцидентот во Глазгов, шестмина повредени (видео)

0
86

Полицијата го застрелала напаѓачот кој претходно предизвикал инцидент во Глазгов во кој повредени се шест лица, меѓу кои и полицаец, соопшти денеска шкотската полиција.

Полицискиот службеник кој бил прободен во инцидентот во хотелот „Парк Ин“, каде живеат претежно бегалци, е во критична, но стабилна состојба, велат тие.

Полицијата ги повикала луѓето да ја избегнуваат областа, меѓутоа, рекле дека станува збор за посебен инцидент и не постои ризик за пошироката јавност, односно не е терористички чин.

Нема трага по повеќе осомничени, а сите повредени се однесени во болница.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е „длабоко тажен од грозоморниот инцидент во Глазгов“ и дека неговите мисли биле со „жртвите и нивните семејства“.