ЗА ФАН СТРАНА ТРЕБА ФАНОВИ А НЕ ПАРТИСКИ ДРУГАРИ

0
214

Пишива Небојша Арсич

Со оглед на тоа дека откако постоиме како самостојна држава било престиж кој ќе биде претставник во законодавниот дом, во последните неколку циклуси оваа избиранка за претставниците постана една мошне незабележителна, небитна и неактуелна тема за граѓаните. Паметиме кога на вестите порано ќе слушневме говор од некој пратеник, самите граѓани го оквалификуваа како „го бива“ или „не го бива“. Денес веќе знаеме дека парламентот е само една подружница на власта и дека воопшто поимот пратеник не е некоја величенствена позиција туку е само еден од многуте кои одат да си ја земат платата а говорите во парламентот го обавуваат со читање и претходно напишани говори.
Ваквиот монотон пристап на пратениците едноставно ги оттргна од екраните своите граѓани дотолку што повеќе граѓанинот не е ниту заинтересиран кој ќе биде пратеник од неговиот град, населено место.. Порано секој што сака да помисли да претендира за оваа висока позиција мораше претходно да биде оформена личност, личност позната и докажана во својата бранша и личност која во секое време знае да реплицира и да има познавање од повеќе општествени теми. Порано мораше секој пратеник да има прочитано барем неколку книги. Книги за општествени уредувања, говори, историја, економија, образовни системи, технологија..
Многу би сакал да им направи некој соочување на кандидатите за пратеници, на некој медиум, и да им постави малку несекојдневни прашања. Пример, што е ребаланс, што е бадентер, да кажат дефиниција за нашето општествено уредување и што тие би промениле во тој поглед, поради која причина некогаш би дале оставка, колку плати би донирале, кој е последниот светски шампион во фудбал, колку изборни единици има кај нас и каде се простираат..?

Да. На овие прашања верувам дека повеќе од пола кандидати не би знаеле да одговорат.

Кога сме доведени во ваква ситуација со корона вирусот, да мора кандидатите да отвораат свои фан страници и на нив да ги претставуваат своите активности и ветувања, најпрво би прашал како тоа ги отвораат своите фан страни? Што е потребно за да имаш една фан страна. Нормално. Фанови. Фан е човек што во некого гледа личност идол, личност пример, личност која има бар некогаш обесено некоја медалја и има постигнато некаков успех во нешто, некаде, макар и на маалски натпревар во клик-клак.

Ете, дојдовме и до моментот кога треба да им порачаме на кандидатите малку да се посветат на читање, на почитување на противникот, на вредности за кои ние поинтелигентните ќе имаме причина да им го дадеме гласот. Борбата за кандидат не е некоја математичка формула за која постои само еден одговор. Не е внатрепартиска борба за подобро место. Кандидатот треба да се гради внатре во партијата ама многу повеќе надвор од партијата. Од кандидатот треба да извираат сите човечки особини кои овозможуваат добробит на населението, кандидатот треба да биде кандидат исклучиво поради дотогашното постигнување во некоја област, во професијата, однесувањето со комшијата, насмевката со дучанџијата, грижата за пријателите, почит кон постарите од него, млад со помладите, да разговара со нив за било која тема, да биде хиперактивен, да вежба, да е разговорлив, учтив, харизматичен. Едноставно да го бие добар глас. А не да е некој анонимец кој го знаат само во партијата и му ги знаат партиските напредоци. Не. Пратеник е нешто многу, многу повеќе. Бар така беше едно време. Денес, како што напоменав повеќе постана небитно кој е пратеник. Плус тоа ќе ги остават и без патни трошоци. Ха, ха,..

И да. За фан страна треба фанови не само партиски другари.