Зибери оддаде почит пред гробовите на Трајковски и Имери

0
87

Кандидатот за премиер од ДУИ Насер Зибери во низата изборни средби застана и на гробовите на поранешниот претседател Борис Трајковски и на претседателот на ПДП, Имер Имери.

Зибери го пофали придонесот на Трајковски и Имери во градењето мултиетничко општество истакнувајќи дека како земја мора да се грижиме и да го подобриме ова големо наследство претворено во Охридскиот рамковен договор, кој веќе стана дел од преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија.