Зоки го изгуби датумот ќе ги изгуби и изборите, ВМРО-ДПМНЕ со водство на анкетите пред СДСМ

0
69

Најновата анкета укажува на водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во пресрет на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули годинава. Мнозинството на граѓани не се задоволни од начинот на тоа како Владата се справува со корона кризата, а замерки имаат за „хуманитарните“ пакети на СДСМ кои според нив се обид за предизборен поткуп.

Институтот “Habeas Corpus” кој разработува прашања од правниот и политички систем направи анкета на јавното мислење врз стратификуван примерок од 1 159 испитаници во периодот од 08 јуни до 11 јуни 2020 година. При истражувањето се водела и сметка на етнграфската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водело и сметка при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски, со употреба на фиксната и мобилна телефонија.

Резултатите од истражувањето се следни:

Прашање: Доколку утре се случат парламентарни избори за кого би гласале?

-ВМРО-ДПМНЕ 22.5%

-СДСМ и Беса 20%

-ДУИ .1%

-Коалиција Алијанса на Албанците и Алтернатива 4.5%

-ДПА 0.4%

-Левица 0.2%

-Не знам, Немам Одговор 15.3%

-Ниту една 13%

-Не сака да каже 18%

Прашање: Дали Владата според вас добро се справува со корона кризата?

-Да 32.7%

-Не 58.3%

Немам одговор 9%

Прашање: Дали сте задоволни од економските мерки на владата?

-Да 29%

-Не 62.8 %

-Немам одговор 8.2 %

Прашање: Со кој од следниве тврдења би се согласиле?

-Пакетите со социјална помош кои ги дели СДСМ е искрена желба за помош 28.4%

-Ова преставува обид за предизборен поткуп 50.1%

-Не знам-немам одговор 21.5 %