ИВЗ: Ковид-19 годинава го спречи организираното одење на аџилак

0
88

Исламската верска заедница годинава нема да организира заминување на аџилак по забраната од Саудиска Арабија за странци и најавата за присуство само на ограничен број домашни верници.

Во обраќањето до верниците, се наведува дека ИВЗ, како единствена овластена институција за организирање на аџилакот, одлуката ја донела врз уредбата на Министерството за аџилак на Саудиска Арабија.

„Оваа година одењето на аџилак е откажано како последица од мерките преземени поради пандемијата ковид-19. Врз основа на одлуката на властите во Саудиска Арабија и земајќи ја предвид заштита на здравјето на нашите граѓани Ријасетот на ИВЗ како легитимно тело за организирање на организација на петтиот исламски услов – Хаџ, нема да ја спроведе постапка за Хаџ за 1441/2020 година“,

се вели во соопштението од Ријасетот.

Минатата година од земјава за аџилак што го организира ИВЗ со локалните муфтиства беа пријавени 850 верници.

Саудиска Арабија соопшти дека годинава на аџилак ќе може да одат само 1 000 домашни верници.