Издадени 566 решенија за изолација, 707 лица затекнати без маска

0
74

Во текот на изминатото деноноќие на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација .

Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци.