ИЗМАМА: Наместо 6.000 евра му дале паричник полн со хартија

0
78

Наместо 6.000 евра измамници му оставиле паричник полн со хартија на повозрасен велешанец.

Жители на Сарај измамиле 67 годишен велешанец при купување добиток, оставајќи му паричник полн со хартија.

Во велешката полиција вчера е пријавена измама која се случила на фарма за добиток во велешкото село Превалец.

Четири непознати лица кои кажале дека се од скопски Сарај, измамиле велешанец откако договориле купопродажба на девет грла крупен добиток за сума од 6.000 евра.

Откако добитокот го натовариле во камион со кумановскa регистрација, двајца од нив заминале, а велешанецот со останатите две лица, кои биле со автомобил со скопска регистарација, се упатиле до Ветеринарна станица во Велес за да ги комплетираат документите.

Потоа, едно од лицата со изговор дека ќе го пренесува неговиот брат, на велешанецот му оставил паричник како гаранција, по што и тие двајца купувачи заминале.

Откако велешанецот го отворил паричникот кој бил наполнет со хартија, сфатил дека е измамен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.