Италија конечно со најмал број заразени со коронавирус од 26. февруари

0
139

Во Италија, бројот на нови случаи на Ковид 19 се намалува во целата земја, вклучувајќи ја и Ломбардија, најтешко погодениот италијански регион.

Исклучок е Лигурија, каде бројот на нови случаи се зголемува.

Во Италија, бројот на нови случаи изнесува 178, што е најмал од 26 февруари, додека според вчерашниот извештај, имало 355 заразени.

Негативниот извештај доаѓа од Лигурија, каде според последните дневни податоци, заразени се 56 лица, додека во Ломбардија, од ковид 19 се забележани 50 позитивни случаи.

Бројот на починати од последиците на ковид 19 во Италија, исто така, се намалува од вчерашните 75 на денешните 60, додека вкупниот број на жртви изнесува 33.475.

Првиот официјален случај на зараза со коронавирусот во Италија е регистриран на 21 февруари во местото Кодоњо, во северна Италија.