Калајџиев и Цаца Николовска поднеле оставки од Советот за граѓански надзор над прислушкувањето

0
77

Правните експерти Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки во Собранието, во телото составено од стручњаци од граѓански сектор кое имаше функција да го надгледува прислушкувањето во Македонија, односно да врши надзор.

„По долга и неуспешна битка да профункционира, јас и Маргарита Цаца Николовска поднесуваме оставки како претседател и подпретседател и како членови на Советот за граѓански надзор над прислушкувањето. ПС поздрав до Прибе“, објави Калајџиев на својот профил на Фејсбук.