Кластерот СДСМ со конструкции и манипулации сака да ја покрие својата неодговорност и неспособност

0
70

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСM

„„СДСМ очајно се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од нивната непсособност да се справат со епидемијата од корона вирусот и нивната неодговорност. Додека тие се занимаваат со манипулации Македонија достигна 3239 заразени и 157 починати и е рекордер на Балканот по смртност и заразени на милион жители.

Обвинувањата и конструкциите на СДСМ, кои се карактеристика за хибридниот режим на Заев, се апсурдни, дотолку повеќе што и самите тие се претворија во кластер од заразени од вирусот. Половина партиски и владини функционери на СДСМ се или заразени или во изолација, но најстрашно е што со водењето на партиска кампања на терен ги загрозуваа животите и здравјето на граѓаните кои беа во контакт со нив. Тоа доволно говори за нивната неодговорност.

СДСМ и Заев не се грижат за здравјето и животот на граѓаните, тие се грижат само како да го спасат Заев од катастрофалниот пораз кој што им престои.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Сметаме дека здравјето и животот на граѓаните е врвен приоритет. Нивните конструкции нема да го покријат фактот дека се неодговорни и неспособни и дека хибридниот режим на Заев за овие три години донесе криминал, корупција и осиромашување на народот.“