Клаус: Изборите во Северна Македонија ќе имаат влијание врз некои земји членки на ЕУ

0
85

Германскиот амбасадор при ЕУ утрово повтори дека почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија се меѓу главните приоритети на претстојното германско претседателство, но посочи и дека „некои земји членки“ најавиле дека изборите ќе влијаат врз нивниот став, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амбасадорот Микаел Клаус утрово ја презентираше програмата на германското претседателство кое започнува на први јули и кое веќе неофицијално се нарекува „Претседателство Корона“, јасна најава дека и во следните шест месеци во ЕУ ќе доминира кризата од Ковид-19 и нејзините последици.

Германија ќе продолжи да инсистира на важноста на проширувањето за Европската Унија, во овој контекст отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија се клучен фактор за политиката на проширување, повтори Клаус. Но, тој предупреди дека не треба да се очекува одлука на политичко ниво овој месец. Изборите во Северна Македонија исто така ќе имаат своја улога.

-Треба да ги видиме ставовите на земјите членки, не можам да кажувам имиња, но кога прашувате за изборите во Северна Македонија, дали ќе влијаат или не, слушаме од некои земји членки дека тие ќе влијаат врз нивната одлука, кога потоа ќе биде предмет на преговори во Советот, изјави Клаус за МИА.