Ковид-19: 86% од заразените во земјава се асимптоматски или со лесна клиничка слика

0
78

Земјава се соочуваа со силен бран на епидемијата, но тоа што охрабрува е дека има висок процент на асимптоматски и пациенти со лесна клиничка слика коишто се наоѓаат на домашно лекување, вели министерот за здравство Венко Филипче, коментирајќи го зголемениот број случаи на заразени последниве недели.

„86 проценти од заболените се практично во домашни услови, додека 14 проценти се хоспитализирани. Во болниците има слободни кревети и опрема, дел од медицинскиот персонал којшто е во изолација, а еден одреден дел којшто е навистина примарен го надополнуваме со ротација. Тоа се лекари и медицински сестри коишто без ниту еден ден одмор интензивно работат со овие пациенти изминатите четири месеци и изложени се на ризик и во смисла на тоа многу е битно да се сфати сериозноста на оваа состојба и сите оние кои не се однесуваат, да почнат да се однесуваат одговорно“,

посочи министерот Филипче на денешната прес-конференција.