КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ НА СОСТАНОК: Препорака за отворање на границите кога бројот на заразени ќе биде под 50 случаи

0
143

Комисијата за заразни болести денеска повторно е на состанок. Дискутираат за голем број прашања, меѓу кои повторно водедување на полицискиот час, како и за отворање на границите, кои според претходните препораки на Комисијата, требаше да се отворат за една недела од сега, односно на 15.јуни.

Но, од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека препораката за отворање на границите ќе ја дадат откако во земјава бројот на заразени со корона вирусот ќе биде помал од 50 дневно и додаваат дека и денеска кривата оди во надолна линија, што значи дека бројката на заразени ќе биде помала од вчерашната. Неофицијалната бројка е околу 100.

Што се однесува до повторно воведување на полицискиот час, извори на Фактор потврдуваат дека дел од членовите на Комисијата за заразни болести се ЗА, но конечно ќе се знае по завршување на состанокот.