Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок со скопските градоначалници

0
80

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Се очекува, на состанокот да се дискутира за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со коронавирусот.

– Мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од коронавирусот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Повеќе од 40 големи кластери со коронавирус се регистрирани на територија на целата држава, а според надлежните, тоа е резултат на непочитување на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири.