Коронавирусот во Италија бил присутен уште во декември 2019

0
89

Истражувањето на италијанскиот Национален институт за јавно здравје покажало дека новиот коронавирус бил присутен во отпадните води во Милано и во Торино уште во декември минатата година, најмалку два месеци пред да биде потврден првиот случај на зараза. Во рамките на истражувањето, чии резултати беа објавени вчера, биле анализирани 40 примероци на вода соберени во рамки на редовните прегледи за прочистување на отпадните води во северна Италија од октомври 2019 до февруари 2020 година.

Се покажало дека вирусот, кој ја предизвикува болеста ковид-19 бил присутен во примероците од Милано и Торино од 18 декември, додека претходните примероци биле негативни.

„Ова истражување може да допринесе до разбирањето на почетокот на циркулацијата на вирусот во Италија“, се наведува во соопштението на Институтот.

Истражувачите предложиле користење на системите за надгледување на присуството на новиот коронавирус во водните системи, во обид да помогнат во идентификувањето на можните нови епидемии.

Пилот проектот за следење ќе започне наредниот месец во туристичките места, во рамки на подготовките за пошироко следење во пресрет на можниот нов пораст на заразата наесен, соопшти Институтот.

Присуството на коронавирус во отпадните води во северна Италија уште во декември го открил италијанскиот Институт за отпадни води.