Куомо до демонстрантите: Тестирајте се на коронавирус, тоа е граѓанска должност

0
74

Илјадниците луѓе кои протестираат против смртта на Џорџ Флојд имаат „граѓанска должност” да се тестираат за коронавирусот и да му помогнат на Њујорк да избегне скок на бројот на нови случаи, изјави гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.

Се зголемува стравот дека неколкудневните протести во САД, со голем број демонстранти кои понекогаш немаа заштитни маски на лицето, може да доведат до зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, пишуваат американските медиуми.

– Ако бевте на протестот, дојдете на тестирање, ве молам. Демонстрантите имаат и за ова граѓанска должност. Бидете одговорни, тестирајте се, рече Куомо на прес-конференција.

Извор Слободен Печат