Лавров: секое решение за Косово треба да е одобрено од Русија

0
105

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, рече дека е потребно одобрение од Русија за какво било решение постигнато во мировните преговори меѓу Косово и Србија, чии лидери треба да се состанат во Белата куќа следната недела. Говорејќи во Белград Лавров рече дека Кремљ ќе поддржи решенија за косовското прашање само ако е прифатливо за Белград и одобрено од Советот за безбедност на ОН.

Ричард Гренел, специјалниот претставник на САД за преговорите меѓу Србија и Косово, во минатата недела рече дека добил обврски од обете држави да се состанат во Вашингтон на 27 јуни на разговори што имаат за цел да доведат до нормализација на односите.Лавров рече дека Европската унија има мандат од Генералното собрание на ОН да преговара за спорот и треба да биде субјектот што ги извршува тие должности.