Лазим Дестани: Политиката не е во моите планови и амбиции!

0
131

Бизнисменот Лазим Дестани во последно време е споменуван како кандидат од ДУИ за премиер на државава. Но, тој порача дека не е заинтересиран за ангажман во политичкиот живот.

„Бидејќи моето име е споменато во последните неколку дена како кандидат за премиер, би сакал да го објаснам целото мислење кое како што наведов во минатото, покрај бизнисот останувам посветен на поле на филантропија. Ангажманот во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес останува во полето на економскиот развој преку бизнис-претприемништво како што правев во текот на мојата кариера. Посакувам од овие избори да излезе Влада за да и служи на државата и на сите граѓани“, посочи Дестани.