Лекарка од гинекологија во Тетово позитивна, немала контакт со пациенти, таа и нејзините колеги во изолација

0
85

Лекарка од Одделот за гинекологија при Клиничката болница во Тетово е меѓу новите позитивни на Ковид-19. Таа е изолирана заедно со колегите со кои имала контакт. Официјалните информации од Министерството за здравство велат дека здравствената работничка немала контакт со пациенти од овој оддел, па поради тоа одделот продолжил да функционира нормално.

-Една здравствена работничка во Клиничката болница во Тетово е позитивна. Таа е вработена во Одделот за гинекологија. Постапено е согласно протоколот. Сите оние кои биле на смена и имале контакт со заразената, се испратени во домашна изолација, а преземени се и мерки за работата да продолжи да функционира нормално. Овој Оддел сега работи нормално. Заразената немала контакт со пациенти, а персоналот носел заштитни маски-велат од Министерството за здравство.

Во Тетово се регистрирани 5 нови случаи на коронавирус, а Центарот за јавно здравје деновиве спроведува скрининг во болници, банки, компании и села за кои постои сомнеж дека би можело да има новозаразени.

Од ЦЈЗ велат дека откако ќе ги добијат резултатите, ќе излезат со дополнителни информации. Инаку, во изминативе 24 часа во Тетово се регистрирани 8 оздравени пациенти и еден смртен случај. Станува збор за 75-годишна жена, која починала во Болницата „8 Септември“.

Извор 21ТВ