МВР: Без маски 1068 лица, решенија за изолација за 125 граѓани

0
69

Министерството за внатрешни работи (МВР) во изминатото деноноќие регистрира 1.068 прекршувања на мерката за задолжително носење на заштитна маска на целата територија на државата.

Од МВР соопштуваат дека се издадени решенија за изолација на 125 лица, а 167 граѓани потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници се извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврден еден случај на непочитување на мерките.