МВР во 24 часа: Регистрирани 805 прекршоци за неносење маска

0
79

Во последното деноноќие полицијата регистрирала 805 прекршоци за неносење маска, соопшти МВР.

Исто така, полицајците евидентирале и дека 4 лица не ја почитувале мерката за изолација, а исто толку и за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие на 213 лица се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација.