МВР во 24 часа: 659 казни за неносење маски, 4 лица не почитувале изолација и самоизолација

0
81

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава изречени се 659 прекршочни казни за неносење лична заштита на лице, соопшти МВР.

Во изминатите 24 часа на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишале изјава за самоизолација. При контроли кај лица во изолација и самоизолација, полицијата утврдила дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.