МВР: Регистрирани се 585 прекршоци за неносење маски во последните 24 часа

0
76

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во последните 24 часа се регистрирани 585 прекршоци на мерката за задолжително носење на заштитна маска за спречување на ширењето на коронавирусот.

Решенија за изолација во изминатото деноноќие се издадени за 337 лица, а 62 потпишале изјави за самоизолација. Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не е евидентирано непошитување на мерките.