Милошоски – Ако се исполнат условите одиме на избори на 15 јули

0
79

ВМРО-ДПМНЕ постави услови кои што се меѓународно признати стандарди и почитувањето на тие услови нас ќе не донесе до датумот на избори. Првиот наш услов е добри здравствени протоколи и посериозна борба против пандемијата и во ова време и особено во време на евентуално идна кампања и за време на гласање, и вториот услов е меѓународниот и европски стандард на мониторинг мисија од страна на ОБСЕ и нејзино воспоставување во Република Македонија. Оној ден кога ОБСЕ ќе стигне во Македонија со својата мисија, следниот ден може да ја почнеме изборната кампања која што трае три недели и ќе стигнеме така до самиот датум на изборите за кој што не сакаме да се одржат без мисија на ОБСЕ затоа што би биле изборен грабеж и поткуп на фамилијата Заеви. Во овој период сметам дека е важно да се напомене дека одговорноста за прифаќањето или неприфаќањето на овие два сериозни стандарди од ВМРО-ДПМНЕ е кај Зоран Заев. Доколку ги прифати овие два востановени стандарди и се рационални, реални, тогаш ќе одиме на избори и ќе го поразиме. Доколку не ги прифати или одбие тогаш веројатно е дека се плаши од пораз на избори каде што би учествувала опозицијата но и за секоја политичка или друга криза која што би била последица на таквото однесување ја превзема целата одговорност“, рече Милошоски.