Мицкоски: Избори во средина на јули

0
78

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција го повика Претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба и за оваа време да се изработат протоколи за заштита на здравјето на граѓаните. Тој нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ не се прифатливи избори без набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР. Според Мицкоски првиот можен датум за избори е средината на јули, бидејќи како што наведе тој до средината на јули би можеле да се изработат протоколи, а потоа да дојде и мисија на ОБСЕ/ОДИХР .

„Господине Пендаровски….Одважи се, осмели се. Ти сакаш и претендираше да бидеш татко на сите граѓани, имаш време денеска до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба.Ние имаме два услови, јасни протоколи за здравјето на граѓаните, а втор е мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна на изборите. Доколку ОБСЕ/ОДИХР ја воспостави мисијата денеска, тогаш кампањата може да почне утре. Од она што можам да го видам е дека ОБСЕ/ОДИХР нема да праќа набљудувачка мисија туку оценувачка мисија…Според сегашната ситуација она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ го антиципираме првата возможна дата е средината на месец јули.“, изјави Мицкоски.