Мицкоски: По изборите ќе коалицираме врз основа на програми, а не на ултиматуми

0
72

И по денешната средба со коалицијата „Обнова“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека го напушта принципот „победник со победник“, доколку биде во ситуација да ја формира следната влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уверува дека тој ќе биде мандатар за состав на новата влада по изборите на 15 јули, кога, како што изјави денеска, ќе коалицира со партии кои ќе ја прифатата програмата на коалицијата „Обнова“, а не со политички субјекти кои ќе настапуваат со ултиматуми.

„Сите партии кои ценат дена нивните програми се блиски со програмата на ВМРО-ДПМНЕ се добредојдени за преговори за коалиција, но не и оние што поставуваат ултиматуми и даваат изјави како од минатиот век. Пограмата која ќе биде програма на победничката коалиција, ќе биде основа за било какви преговори“,

изјави Мицкоски, во однос на можните колаицирања по изборите.

За иницијативата на ДУИ за прв Албанец премиер, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е првата политички партија која промовираше шпицен кандидат за премиер. Затоа, рече, добро е што и ДУИ сака да излезе со свој кандидат за премиер, ама, како што нагласи, тоа треба да биде мултиетнички, а не моноетнички концепт.

„Првата политички партија која промовираше шпицен кандидат беше ВМРО-ДПМНЕ. Таа иницијатива беше одбиена и не помина како законско решение. Понатаму ВМРО-ДПМНЕ промовираше кандидат за мандатар, потоа и СДСМ, а гледаме дека сега и ДУИ промовира такво решение. Тоа е добро, затоа што ќе има конкуренција. Меѓутоа, она што би сакал јас да го упатам како порака до сите оние кои се обидуваат да промовираат шпицен кандидат е да изготват програма на која нема да ѝ дадат енитчки призвук, затоа што ние сме мултиетничка средина. Потребна е политичка програма, со проекти, а граѓаните одлучуваат кому ќе му дадат доверба“,

рече Мицкоски.

Тој денеска имаше средба со лидери на партиите од колаицијата „Обнова“, со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи заедно на парламентарните избори следниот месец. Како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партнерите дале поддршка за избори на 15 јули, под посебни здравствени протоколи и со мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР.

Извор 360°