Мицкоски: Три години на порази и неисполнети ветувања

0
78

Изминативе три години ќе ги паметиме како години на порази, неправди и безброј неисполнети ветувања. Затоа на 15 јули граѓаните треба да излезат и масовно да гласаат за победничката коалиција на ВМРО ДПМНЕ, порача во Битола лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

„Навистина можам да кажам дека во изминативе пет дена, но и месеците претходно, можам да заклучам дека во Македонија тешко се живее. Луѓето се разочарани, безнадежни ги напуштаат родните огништа, се селат надвор од државата. Она што е актуелно денеска се сите лоши политики и мерки спорведени во борбата со Ковид 19 исто и економската состојба е разочарувачка“, рече Мицкоски.