Мицкоски: Ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули (ВИДЕО)

0
85

Претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски во Охрид одржува граѓанска трибина во склоп на изборната кампања за вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули.

-Убаво изгледа вечерва Охрид, сакам да се заблагодарам до сите членки до Унијата на жени тука во Охрид. Ќе ја поразиме оваа тригодишна пандемија од ова раководство на СДСМ, предводена од Зоран Заев. Македонија е пред избори, изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и против една нова енергија којашто ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција. Ќе кажам дека 60 пратеника на победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули, историска победа- рече Мицкоски.

Единственото ветување коешто овие луѓе го исполнија, потенцираше Мицкоски, е ветувањето на Зоран Заев да си ја свиткаме кичм ата.

Можеа да направат подобар договор, наместо да возат мотори, можеа да имаат докторите 100 илјади просечна плата, можеа младите да имаат реновирани студентски домови и студентски градови, но што направија, направија Македонија да биде заложник на оваа брутална светска пандемија, којашто го зафати светот- ковид-19. Ни ветуваа европско здравство, а денеска сме рекордери по новозаразени лица и лица кои го губат животот- рече Мицкоски.