Млада жена од тетовско почина од коронавирус – 11 новозаразени во тој регион

0
128

Центарот за јавно здравје Тетово информира дека поради Ковид-19 почината е 46-годишна жена од населеното место Јажинце при општина Јегуновце, која воедно имала и хронични болести. Таа е 26-тата почината поради Ковид-19 во тетовскиот регион. Од Министерството за здравство информираат дека жената починала веднаш по прием во амбулантата.

-На поширокото тетовско подрачје бележи 11 нови случаи, од кои шест се во рамки на општина Тетово, три во општина Јегуновце и по еден случај во Боговиње и Желино, информираше Зорица Зафироска, специјалист по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.

Тетовскиот регион сега бележи вкупно 312 случаи со коронавирус. Оздравени се 141, а активни случаи се 146.