МОСТ ќе ги следи изборите на 15 јули со 1 000 набљудувачи

0
101

Граѓанската асоцијација МОСТ со вкупно 1 000 набљудувачи ќе ги следи изборите, вели извршниот директор Дарко Алексов во интервју за МИА.

Набљудувањето, вели тој, ќе се случи стриктно согласно протоколите кои ќе бидат пропишани од надлежните институции, пред сè, од здравствените.

„Нашите набљудувачи, кои ќе бидат илјада вкупно, но со 700 ќе ги покриеме гласачките места како статични, а останатите ќе бидат дел од нашата регионална мрежа и мобилните тимови на самиот изборен ден, а регионалните координатори ќе ги следат настаните во сите општини во државата. Тоа што е важно е дека сè што ќе правиме, целокупната активност на терен ќе се одвива согласно тие упатства и протоколите кои се пропишани од страна на авторитетите задолжени за процесот. Во поглед на протоколите и здравствената заштита од тоа што можеме да видиме дека веќе се наѕираат контурите на истата. Како што кажав, два метри дистанца, носење маска, одржување хигиена на раце, се разбира доколку дојде редот според тоа што можевме да го забележиме од самите разговори во ДИК, редовно проветрување на просториите, а проструи некоја информација дека би се користеле поголеми простории и.т.н“,

вели Алексов.

Набљудувачите ќе имаат онлајн обука, а за овие избори тој вели дека ќе ги регрутираат поискусните. Јавниот повик кој беше објавен уште кога изборите беа закажани за 12 април е стопиран и сега набљудувачите ќе се бираат од базата од над 40 000 обучени набљудувачи.

„Имаме една база од 40.000 набљудувачи, некои од нив можеби повеќе од еднаш, меѓутоа да сумирам, оваа база од набљудувачи ќе биде основното од каде што ќе ги бараме, од каде што ќе ги регрутираме, повторно ќе ги обучиме и ќе ги распоредиме. Тоа значи дека сме уверени дека нема да имаме проблем со регрутација“,

вели Алексов.

Извор 360°