Над сто килограми марихуана пронајдени во пловен објект на Охридското езеро

0
90

Над сто килограми марихуана била откриена утрово во пловен објект на брегот на Охридското Езеро, во близина на регионалниот пат Охрид – Струга кај местото викано „Рампа“.

Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид појасни дека дрогата била откриена и запленета во координирана акција на припадници на СВР – Охрид со службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија – Регионален центар за гранични работи „Запад“ при Бирото за јавна безбедност.

Настанот е документиран од страна на увидна екипа на СВР Охрид, а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава против лица за кои полицијата има сознанија дека се сторители на делото.