Научниците открија каде се наоѓа најчистиот воздух во светот: Патот до него не е воопшто лесен!

0
77

Научници од американскиот Универзитет Колорадо сметаат дека пронашле каде е најчистиот воздух на светот. Не се наоѓа блиску било кои подрачје населено од луѓе, што и не е некое изненадување.

Истражувањето, кое било објавено во магазинот „Proceedings of the National Academy of Science“, открива дека Јужниот океан околу Антарктикот е вистинското место доколку сакате навистина свеж воздух.


Благодарение на временските обрасци и функционирањето на глобалната клима, облаците над Јужниот океан се недопрени.

Човековото влијание е неизбежно на повеќето места на планетата Земја. Отпадот кој го оставаме може да се пронајде дури и во најдалечните области на океанот, бидејќи на секои неколку дена на оддалечените плажи каде не живеат луѓе, океаните исфрлаат огромен број на пластика.

Хемикалиите кои ги произведуваме се наоѓаат насекаде околу нас. Но не и далеку на југот.


Истражувачите кои го проучувале воздухот над Јужниот океан откриле дека тамошните облаци не покажуваат траги од човековата неодговорност. Односно, нема траги од фосилни горива, ѓубрива или друг човечки отпад.

Всушност, е толку чист колку што може да биде, со оглед на тоа дека е сепак на Земјата.


Научниците земале примероци близу површината на океанот, како и примероци од атмосферата над. Тие го проучувале составот на микробите кои се наоѓаат во воздухот и откриле дека микробите веројатно поттекнуваат од океанот.

Јужниот океан е доволно далеку од поголемиот дел од човековата цивилизација за да го избегне загадувањето.

Извор Слободен Печат