На антивладиниот протест во Љубља наприведени седум демонстранти

0
172

Прв инцидент се случи синоќа на антивладините протести, кои секој петок се одржуваат во главниот град на Словенија, јави дописникот на од Љубљана. Околу 20 часот пред завршувањето на протестот, на кој според полицијата се собраа околу 5.000 граѓани, а според организаторите многу повеќе, неколку лица ја прескокнаа поставената заштитната ограда поставена пред Парламентот, по што интервенираше полицијата и ги приведе. Насобраните граѓани на тоа бурно реагира, но немаше поголеми нарушување на јавниот ред и мир. Според словенечкото  Министерство за внатрешни работи вкупно седум лица биле уапсени, но откако им биле напишани казни биле пуштени од полициската станица. Полициската ограда е поставена на околу 300 метри од зградата на Собранието, односно на Плоштадот на Републиката, па затоа луѓето кои протестираат сметаат дека на тој начин им е загрозена слободата на движење. Барањата на демонстрантите се оставка на Владата и распишување на предвремени парламентарни избори. Тие ја обвинуваат Владата на Јанез Јанша за корупција и користењето на епидемијата со новиот коронавирус за намалување на демократијата во земјата. Тие оценуваат дека со словенечката Влада набрзо „ќе наликува на Унгарија под водство на Виктор Орбан“. Вакви протести, покрај во главниот град, повеќе од еден месец секој петок се одржуваат и во други поголеми словенечки градови.