Невреме и поплави во северна Грција

0
186

Во невремето со обилен дожд и град што вчера го зафатил северниот дел на Грција, предизвикана е материјална штета и поплавени улици во Серес, Ксанти, Ламиа, на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Најпогоден е грчкиот град Серес каде што се излеала надојдената река и биле поплавени над 100 домови, а била предизвикана голема штета на подруми, паркинзи, автомобили и сл.

Противпожарната служба примила над 100 повици за помош. Во одредени делови на Грција биле регистрирани околу 1.500 молњи според системот за регистрација на молњи на Националната опсерваторија во Атина.