Негативни тестовите на контактите од заразените во СЕП, но остануваат во изолација

0
93

Kонтактите на двајцата заразени во владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП) се тестирани и тие се негативни, но сепак ќе останат во изолација, рече вицепремиерот Бујар Османи кој раководи со ова тело.

„Јас не сум во близок контакт, но се тестирав и резултатот е негативен. Почнавме процес на реорганизација на работењето, дезинфицирање на целата зградата и функционирање во рамки на протоколите од Комисијата за заразни болести“,

рече Османи.

Тој повторно предложи секоја државна институција и приватна фирма да назначи ковид-координатор чија задача ќе биде да надгледува дали се почитуваат протоколите, односно дали вработените се собираат на кафе-пауза, дали работат на доволна дистанца итн.

„Поисплатливо е така отколку да се доведат во ситуација да ја затворат фирмата“

рече Османи.