Нова аудио „бомба“ за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

0
99

Аудиоснимка од разговор на кој што наводно го водат претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и осудениот во „Рекет“ Зоран Милевски, осамна на Јутуб на канал именуван како „Рекет“.

Во разговорот Мицкоски споменува дека имал средба со бизнисменот Орце Камчев и дека се сомнева дека при тоа бил фотографиран додека Камчев бил под посебни мерки во рамки на истрагата за предметот „Империја“.

Мицкоски: Мене ме имаат сликано како влегувам, кога Орце беше под мерки. Колата, ја имаат, не мене, зошто јас влегувам со колата“, вели во дел од разговорот Мицкоски.

На снимката се слуша и женски глас, за кој се претпоставува дека е на Слободанка Алексовска, поранешна директорка на Центарот за вработување во Скопје, а сега вработена во „Аџибадем Систина“.

Женски глас: „Кога беше кај нас, го имаат сликано кога има дојдено. Зашто Орце беше под ПИ-мерки“, вели соговорничката.

Содржината во разговорите се однесува на периодот пред претседателските избори лани при што се слуша како Мицкоски му зборува на Милевски за нивните активности во Охрид.