Нови случаи на корона во Кина , некои се поврзани со пазарот во Пекинг

0
80

Пекинг објави дека ќе го одложи враќањето на учениците во основните училишта откако се појавија нови случаи во кинеската престолнина – први по два месеци без заразени и пазарот на големо, поврзан со новите случаи вчера е затворен.

Кина во голема мерка ја доведе под контрола заразата во земјата, а повеќето случаи во последните месеци се регистрирани меѓу странските патници кои се враќале дома.

Денес се пријавени вкупно 11 нови случаи на ковид-19 и седум асимптоматски случаи. За пет ново-регистрирани случаи на ковид-19, биле патници од странство. Пријавени се шест случаи на локално пренесување на болеста во Пекинг.

Во Кина, вкупно 83.075 луѓе се разболеле од ковид-19, а починале 4.634 лица.