Нови 176 случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 9 пациенти

0
91

Нови 176 случаи на Ковид 19 се регистрани во Македонија, од тестирани 870 граѓани. Најмногу новозаразени има во Скопје 61 случај, па Тетово со 22, Струга 19, Охрид и Штип со 14, Куманово со осум, а Гостивар со седум новозаразени. Со ова, бројот на досега заболени во државава се искачи над 6.000 слуачи.

Во изимнатото деноноќие починаа девет заразени, седум од Скопје, а по еден од Тетово и Струга. 80 пациенти оздравеа од вурусот, од нив најмногу се во Тетово – 30, па Штип 18, по осум од Гостивар и Крушево, пет од Скопје. Досега од Ковид – 19 оздравеле над 2.300 граѓани.

Во болницата „8 Спептември“ има најмногу хоспитализирани пациенти кои се заболени од Ковид – 19. Тука моментално се лекуваат 129 пациенти. Во инфективната клиника помал е бројот на хоспитализирани. Таму се лекуваат 98 пациенти. А, во третиот Ковид центар – во детската болница Козле, има хоспитализирано 19 возрасни пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека е подготвен планот за враќање во нормала на скопските клиники.

„Прашањето кога ќе почне со работа и системот „Мој термин“, за дел од интервенциите и клиниките веќе кон крајот на следната недела, а за останатиот дел ќе почекаме да видиме како се одвива интензитетот на дијагностицирање нови пациенти“, рече Филипче.

Лекарските интервенции се одложуваат бидејќи дел од докторите ротираат. Тие помагаат на Инфективната Клиника и во „8 Септември“ за третман на заболените пациенти од Ковид – 19.