Нови 180 случаи на Ковид-19, 109 во Скопје

0
98

Продолжува големиот раст на новозаразени со коронавирус во Северна Македонија. Во последното деноноќие регистрирани се 190 нови случаи. Двајца починале, а 11 оздравеле

Галопот на коронавирусот низ Северна Македонија продолжува со засилено темпо, откако денеска беа регистрирани 180 нови случаи. Како што информира Министерството за здравство, по направени 1,272 тестови, најголемиот дел од новозаразените се од Скопје- 109, потоа следува Куманово со 26 нови случаи, па Штип- 15, Тетово- 12, Гостивар- 8, Гевгелија-2, и Струга, Велес, Битола, Охрид, Валандово, Дебар, Свети Николе и Неготино по еден случај.

Еден 52-годишен пациент од Куманово починал на Клиниката за инфективни болести, додека во болницата „8 септември“ починала пациентка од Скопје на 68 години.

Во моментов во земјата активни се 1,009 откриени случаи на заразени со коронавирус.

Веќе трет ден по ред бројот на новозаразени во земјата расте со троцифрени бројки. Вчера беше надминат рекордот од 15 април со 120 нови случаи.