Нови 193 заразени и 9 починати во последното деноноќие

0
87

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 од кои: во Скопје-140, Куманово-2, Дебар-1, Штип-6, Тетово-19, Струга-5, Велес-2, Охрид-11, Гостивар-4, Свети Николе-1, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти. Починале 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациенти од Тетово и еден пациент од Охрид.

Со најновите податоци, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482,бројката на оздравени пациенти е 1803, починале 210 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.