Нови 89 заразени и седум жртви на коронавирусот

0
97

Продолжува големиот раст на бројот на заразени од Ковид-19 во Северна Македонија. Во изминатото деноноќие здравствените власти регистрирале нови заразени во девет града во земјата.

Скопје и Штип стануваат нови жаришта на коронавирусот во Северна Македонија. Денеска објавените бројки на здравствените власти покажуваат дека во Скопје се евидентирани 35 нови случаи на заразата, додека во Штип- рекордни 27. Три нови случаи се регистрирани во геронтолошка установа во Скопје.

Вкупно на територијата на државата се регистрирани 89 нови случаи по направени 727 тестирања. По градови:

Во Скопје-35;

Штип-27;

Куманово-12;

Тетово-7;

Кочани-4; и во Прилеп, Гостивар, Струмица и Свети Николе по еден.

Седум лица починале како резултат на компликациите поврзани со болеста. Најмладата жртва имала 44, а најстарата 83 години. Најголем број активни случаи во моментов има во Скопје- 298; Тетово- 83; Штип- 68 и Куманово-55.
Викендов, Институтот за јавно здравје ја подигна категоризацијата на ризикот од Ковид-19 во Скопје, Тетово и во Штип. Скопје и Тетово сега се во ткн. „фаза 4“ која се дефинира како „широко-распространета трансмисија во заедницата“, додека Штип до вчера беше во „фаза 3“- дефинирана како „локализирана трансмисија“.